Македонците и односите на КПJ и КПГ
Сумата се прибавя директно в кошницата
5.83 €
.
Предговор
Кака што е познато, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, меѓу грчките демократски сили, пред се со припадниците на антифашистичкиот отпор, од една, и атин-скиот режим, односно, десницата од друга страна, започна Граѓанската војна, која траеше повеќе од четири години. Уче-ството на Македонците од егејскиот дел на Македонија во оваа војна на страната на демократските сили беше масовно. Тие, низ целиот период на војната играа значајна, а во некои периоди дури и решавачка воено-политичка улога. Од вкупно 35.000 борци и старешини, колку што евидентира Регрутната служба на ГШ на ДАГ, 14. 000 беа Македонци, иако бројот на македонското население во Грција во однос на грчкото беше за 23 пати помалубројно.
Војната заврши со пораз на демократските сили, односно, на Демокртската армија на Грција (ДАГ), што имаше далекусежни и катастрофални последици за Македонците од овој дел на Македонија. Од вкупно 51. 000 жртви, колку што ги имаше во војната, 21. 000 беа од редовите на Македонците. Повеќе од 50. 000 Македонци беа принудени да ги напуштат своите огништа и да емигрираат надвор од земјата. Цели македонски подрачја беа испразнети и опустошени. Грчкиот режим ја искористи Граѓанската војна да преземе репресивни мерки за присилно иселување на Македонците и на нивно место да насели Грци, нарушувајќи ја компактноста на македонското население во повеќе македонски околии, со што уште повеќе се измени националниот состав на егејскиот дел наМакедонијаво корист наГрците.
За повече информация :
.


